На Мундијалот во Египет ќе учествуваат 32 репрезентации

96

Светското првенство во ракомет за мажи во Данска и Германија, одиграно во јануари годинава беше последно на кое учествуваа 24 репрезентации. Имено, Светската ракометна федерација (ИХФ) донесе одлука на наредното Светско првенствов во 2021 година кое ќе се одржи во Египет да учествуваат 32 репрезентации.

На Светското првенство директно ќе се квалификуваат  организаторот на првенството, заедно со бранителот на титулата. Во случај да има повеќе земји домаќини, тогаш бројот на задолжителни места по континенти ќе биде намален. Покрај тоа ќе има и 12 места за изведба на континенталните конфедераци, кои се засновани на тимови рангирани од прво до 12 место од претходните Мундијали.

Задолжителните места на секоја континентална федерација ќе бидат поделени на следниов начин: четири места за Африка, Азија, Европа и Пан Америка. Во Рамките на Пан Америка едно место е достапно за Северна Америка и Карипската зона, додека три се распределени во зоната Јужна и Централна Америка.

Едно дополнително место е достапно за Океанија, но само во случај кога таа национална екипа е петта и повисоко рангирана на Азискиот шампионат. ако ниту еден тим од Океанијане обезбеди место меѓу првите пет на азискиот шампионат, ИХФ ќе додели вајлд карта.

За Светското првенство во 2021 година во Египет веќе се квалификувани домаќинот и шампионот, селекцијата на Данска. Преостануваат уште вкупно 30 места кои ќе бидат распределени на следниов начин: шест од Африка, четири од Азија, 13 од Европа и пет од Пан Америка ( едно од Северна Америка и Карипската зона и четири од Јужна и Централна Америка).