Во Нови Сад денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад.
Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба.
Поранешниот надзорник на реконструкцијата на Железничката станица за Н1 изјави дека не е точно дека настрешницата не била предмет на работите.
Во врска со несреќата денеска треба да бидат сослушани дваесетина лица, меѓу кои и ресорниот министер Горан Весиќ, соопшти ВЈТ.
Граѓаните на Нови Сад на покана на опозицијата се собраа во 17 часот на местото на трагедијата, каде запалија свеќи и им оддадоа почит нa настраданите.