За време на церемонијата за дочек на украинскиот претседател Владимир Зеленски, денеска во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел доби напад на неконтролирано тресење и изгледала како да не ѝ е добро.

Меркел стоела покрај Зеленски на сонцето додека воен бенд ги свирел химните на Германија и Украина, кога почнала да се тресе.

Меѓутоа, како што наведува АП, по интонирањето на химната, Меркел делувала подобро, а потоа брзо минала по црвениот тепих со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Подоцна канцеларката на прес конференција рекла дека дехидрирала и дека се чувствува добро.

“Од тогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.