На маргините на НАТО самитот, остварена средба Мицкоски – Мелони: Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор

71

На маргините на НАТО самитот премиерот Кристијан Мицкоски оствари разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

Се разговарало за продлабочена соработка, а Мицкоски ја искористил средбата да побара поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Тој во објавата на својот профил на фејсбук истакна дека разговарале и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји.


Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша Мицкоски на Фејсбук.