Повеќе од половина од сообраќајните полицајци на Малта, вклучувајќи го и нивниот шеф, се уапсени поради сомневање дека лажирале стотици прекувремени часови.
Во акцијата која следувала по анонимна дојава, притворени се 37 од вкупно 50 сообраќајни полицајци во таа земја поради сомнение дека лажирале стотици прекувремени часови во период од три години.
Шефот на сообраќајната полиција Волтер Спитери се сомничи и дека барал на користење мотоцикл иако на располагање имал службен автомобил со возач.
„Шефот на сообраќајната полиција вчера поднесе оставка, која е прифатена”, соопшти денеска полицијата.
Неколку полицајци се сомничат и дека купувале гориво со службени пари за свои, приватни возила.
Премиерот Роберт Абела оцени дека е добро што полицијата спроведува истраги во сопствените редови. – Тоа ја потврдува функционалноста на полицијата. Ако истрагите покажат дека тие луѓе треба да се доведат пред суд или да се преземат дисциплински мерки против нив, тогаш тоа и ќе се случи, рече Абела.