На кумановец семафор му паднал врз глава

86
Фото: Pexels

Несреќа се случила вчера попладне во Куманово, полицијата добила пријава дека врз жител паднал светлосен сообраќаен знак – семафор.

„Вчера во 19.45 часот во СВР Куманово, Ј.П.(62) од Куманово пријавил дека на крстосница помеѓу булеварот ‘Трета македонска ударна бригада’ и ‘Тоде Мендол’ врз него паднал светлосен сообраќаен знак – семафор. Случајот е документиран и известена е надлежната институција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.