На Камчатка исчезна хеликоптер со 22 патници

36

Руски хеликоптер со тројца членови на екипажот и 19 патници исчезна на далечниот источен полуостров Камчатка, објави во саботата новинската агенција Интерфакс, пренесува Ројтерс.

Интерфакс се повикува на прелиминарните податоци на Федералната управа за авијација, пишува Ројтерс.

Хеликоптерот Ми-8Т полетал од базата кај вулканот Вачкажец и екипажот не се пријавил во предвидениот термин.