Вилијам, Кејт и децата спиеле додека крадците оперирале! Побегнале со црн пик-ап откако им одзеле…

60

Маскирани провалници упаднале во просторот на замокот Виндзор додека принцот и принцезата од Велс и нивните деца спиеле во нивниот дом кој се наоѓа на имотот.

Две маскирани лица, наводно, користеле украден камион за да ја пробијат безбедносната ограда и да украдат пик-ап и велосипед на четири тркала.

За сето тоа време Вилијам, Кејт и нивните деца мирно спиеле, не знаејќи што се случува.

Урнатата порта е најблискиот влез во Аделаида Котиџ, која кралското семејство често ја користи при доаѓањето и заминувањето од имотот.

Иако стражарите неодамна беа отстранети од јавните влезови на замокот Виндзор, полицајците редовно патролираат и проверуваат сè.

Неименуван извор близок до истрагата изјавил дека маскираните крадци сигурно веќе извесно време го набљудувале Виндзор.

„Во замокот има аларм, но за упадот се дознало дури кога ја пробиле безбедносната ограда. Понеделникот e работен ден, па децата биле во кревет. Кралот Чарлс бил во Шкотска, а кралицата Камила во Индија“, рекол неименуван извор изјави за британски „Сан“.

Портпаролот на полицијата соопштил дека во неделата околу 23:45 часот добиле пријава за кражба на имотот Краун во близина на А308 во Виндзор.

„Криминалците влегле во шталата и побегнале со црн пикап „исузу“ и црвен велосипед на четири тркала. Во оваа фаза од истрагата никој не е уапсен и истрагата е во тек“, соопштено е.

Да потсетиме, Вилијам, Кејт и децата во летото 2022 година се отселија на во имотот на замокот Виндзор. Тие барале да се вселат во резиденцитаја која не барала дополнителни инвестиции. Спротивно на тоа, принцот Хари и Меган Маркл потрошиле 2,6 милиони фунти за реновирање на својата резиденција.