На ден пред изборoт: Петровска се откажа од трката за лидер на СДСМ

165

На еден пред изборот за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска официјално се откажа од трката.

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка на опозициската партија веќе испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура.

Причината како што вели за таа Телма, се бројните неправилности кои ги направиле општинските организации, за кои вчера ја информирала комисијата, која не ги земала истите в предвид и донела одлука процесот да продолжи.