На денешниот верски празник Благовец – Адријана Алачки: Син мајкин Благоја – I’m proud of you!

1081

На големиот и значаен верски празник Благовец, нашата позната некогашна пејачка и сегашна успешна сопственичка на Гастро-МАК и уредничка на ТВ-емисијата „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки, има голема причина за славење, за гордост.

Бидејќи го има синот Благоја, токму затоа мама Адријана, денес на празникот упати многу емотивни зборови до својот сакан Благоја:                                                          -Денес е именден на мојот син Благоја. Да ти е вечно името, здрав и жив да си, благословен од Бога, нека е за многу години!!! I’m proud of you, порача гордата мајка Адријана, а потоа се нижеа голем број радосни коментари под нејзината објава:

…..“Здрав, жив и долговечен да биде, син мајкин Благоја… Да ти е вечно името Баже нашиот сакан… Само среќа и здравје да те пратат… Адријана може да се гордее со Благојче, да му е вечно името!                                                                                    Веселата Адријана, понатаму сите верници, но и пријатели ги потсетува дека празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што во народот се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица… како што го има синот на Адријана. Всушност со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот… Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тој е ден на мајката која дала нов живот.

Тогаш децата ѝ благодарат на мајката, ја гушкаат и ѝ даваат подароци во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата. Така што првото нешто што треба да го направите утрото – бакнете ја мајка ви. Емотивно порача Адријана, која  денот го поминува во одлично расположение…. а, секако и со синот и неговото семејство, како што и доликува кога нешто убаво се случува и слави. (Д.М.)