НА ГРАНИЦА ПОЧНА ДА СЕ СТАВА ПЕЧАТ СО НОВОТО ИМЕ – Почна жигосувањето на македонските пасоши

255

Издавање на новите пасоши треба да почне од крајот на 2019 година, а во преодниот период МВР при излез или влез на граничните премини во постојните или новоиздадените патни исправи ќе става печат, со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија”

Печат со новото име Република Северна Македонија почна да се става во пасошите при влез или излез од државата на граничните премини, согласно спроведувањето на обврските од Договорот од Преспа.

Оваа мерка, која е дел од планот на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Договорот од Преспа, почна да се применува од четвртокот. МВР, согласно одлуката на Меѓуресорската група, се задолжува да ги преземе сите потребни мерки и активности за спроведување решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање нови патни исправи.

Издавање на новите пасоши треба да почне од крајот на 2019 година, а во преодниот период МВР при излез или влез на граничните премини во постојните или новоиздадените патни исправи ќе става печат, со кој на македонски, англиски и француски се објаснува дека „пасошот е сопственост на Република Северна Македонија#.

Откако Македонија и официјално ја доби грчката вербална нота дека е завршена ратификацијата на Преспанскиот договор и на Протоколот за членство во НАТО, владата во Скопје соопшти дека официјално почнува примената на новото уставно име – Република Северна Македонија.

Замената на патните документи со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните.
МВР веднаш треба да ја почне постапката за набавка на нови патни документи. Старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок утврден со Договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамки на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената која е редовна за замена на патните исправи.

Во рок од 4 месеци, пак, Министерството за внатрешни работи ќе започне со издавање на нови регистарски таблички, а дотогаш ќе обезбеди налепници со ознака „НМК” за регистарските таблички на возилата.