На Голак се одржа првиот кампинг на олдтајмери

77

Дваесетина љубители на постарата генерација возила од марката фолксваген на Голак го реализираа првиот олдтајмер кампинг. Иницијативата е на делчевецот Лоренцо Трајановски, кој заедно со другите сопственици на олдтајмери ги започнаа активностите за формирање олдтајмер кампинг-клуб што ќе биде прв од ваков вид во Делчево.

– На овој камп учествуваме сопственици на комбиња од марката фолксваген со идејата тоа да прерасне во традиција. Во Делчево вакви возила има околу десетина и мислиме дека не има доволно во иднина да формираме олдтајмер кампинг-клуб. Исто така, ќе бараме поддршка од општината да направиме кампинг парк, да го промовираме на некои интернет страници кои на запад функционираат одлично. Со тек на времето нашиот авто кампинг-клуб се надеваме дека ќе почне да функционира според сите прописи – вели Трајановски, кој е еден од ретките кој има сопствен возен парк од петнаесетина олдатјмери што редовно се дел од изложбата на олдтајмери во Делчево.

Четвртата изложба на олдтајмери годинава ќе се одржи напролет.