На аеродромот во Сао Паоло: Украдени 750 килограми злато

Во Бразил, осум маскирани лица во полициска униформа украдоа злато вредно најмалку 30 милиони долари, кое требало да патува во Њујорк и Цирих

142

Осум вооружени лица на аеродромот „Гуарулхос“ во Сао Паоло, во Бразил, украдоа 750 килограми злато.

„Би-би-си“ (BBC), повикувајќи се на официјални претставници од аеродромот во Бразил, објави дека осум лица маскирани во полициски униформи украле злато вредно најмалку 30 милиони долари, кое требало да патува во Њујорк и Цирих.

Претставници на полицијата истакнуваат дека во текот на грабежот, напаѓачите како заложници зеле двајца од вработените на аеродромот.

Од аеродромот тврдат дека немало повредени, а не ги коментираа наводите за киднапирани лица.