На адвокатот Тони Менкиноски ќе му се суди за поставувањето на знамето со сонцето од Кутлеш

550

Во текот на јуни во Охридскиот суд ќе започне судење на адвокатот Тони Менкиноски чие знаме со сонце од Кутлеш беше поставено на 27 април, годинава, во Охрид, на местото Долна Порта. На адвокатот ќе му се суди за нарушување на јавниот ред и мир.

Адвокатот познат по тоа што ги застапува Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур поседува 40-метарско знаме со „Сонцето од Кулеш“, а еднаш веќе беше во конфликт со полицијата откако за време на празникот Богојавление го постави на Самоиловата тврдина. Менкиноски тогаш доби прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир.

Менкиноски сам се пријавил во охридската полиција дека е одговорен за поставувањето на знамето. Тој ја презема целата одговорност за настанот и тврди дека овој случај не може да биде третиран како нарушување на јавниот ред и мир, оти од него никој не бил вознемирен.