Правилниот третман на облеката при перење и одржување може значително да го продолжи нeјзиниот животен век. Основните правила за одржување на гардеробата обично вклучуваат перење на соодветни температури и сортирање по боја за да се избегне несакан ефект врз вашите омилени светли маици.
Сепак, постои една вообичаена грешка што речиси секој ја прави при перење.
Мора барем еднаш да наидовте на дупки во ткаенината по перењето. Вашата прва мисла ќе биде дека облеката можеби е стара или, ако е нова, неквалитетна, што може да ве наведе да мислите дека сте ги потрошиле парите.
Но, тоа не е така!
Штетата што ја забележувате често е резултат на незатворени патенти на облеката, што може да ги оштети материјалите со тенка структура, открива Journal.hr. Пред да ја ставите вашата гардероба во машината за перење, проверете дали сите патенти на фармерките, панталоните и дуксерите се затворени за да спречите оштетување на вашите омилени парчиња.