Музика слушаат сите и секој има омилени музичари, бендови и албуми. Се случува одредена песна или целиот албум да има огромен број слушатели. Ова е случајот со 10-те најдобро продавани албуми кои влегле во аналите на музичката историја, а се продаваа во милиони примероци.

Led Zeppelin IV – Лед Цепелин – 37 милиони копии

Четвртиот студиски албум на англискиот рок бенд Лед Цепелин (Led Zeppelin) беше издаден на 8 ноември 1971 година во издание на Атлантик рекордс. Продуцент на албумот е Џими Пејџ, а албумот бил снимен на неколку локации во периодот од декември 1970 до март 1971 година.

Come On Over – Шаниа Твејн – 40 милиони примероци

Come On Over беше третиот студиски албум на канадската поп пејачка Шанија Твејн. Албумот беше издаден на 4 ноември 1997 година. Тоа е најпродаван студиски албум на женски автор. До денес, албумот е продаден во повеќе од 40 милиони примероци ширум светот, од кои 20 милиони се продадени во САД.

 

 

 

Rumours – Флитвуд Мек – 40 милиони копии

Овој албум беше пуштен во продажба на 4 февруари 1977 година. Некои од песните беа првично слушани и станаа популарни пред објавувањето на албумот (како синглови).

 

 

 

 

Saturday Night Fever – Би Џиз и разни уметници – 41 милион примероци

Овој албум е создаден како саундтрек за филмот од 1977 година “Треска на саботната вечер” со Џон Траволта и Оливија Њутн Џон во главните улоги. Албумот беше на врвот на листата на најслушани албуми дури 24 недели во САД и 18 недели во Велика Британија.

 

Their Greatest Hits – Иглс – 42 милиони примероци

Оваа популарна компилација беше најпродаван албум на 20-тиот век во САД долги години, сè додека не го надмина “Трилер” на Мајкл Џексон по неговата смрт. Компилацијата содржи избор на песни од првите четири албуми на Иглс, кои беа издадени помеѓу 1971 и 1975 година.

 

 

Bat Out of Hell – Meat Loaf – 43 милиони примероци

Албумот беше издаден во октомври 1977 година од Cleveland International / Epic Records. До ден-денес овој албум е еден од најпродаваните во историјата, со продадени преку 43 милиони примероци низ целиот свет. Бил дури 485 недели на топ листите во Велика Британија.

 

 

 

The Bodyguard – Витни Хјустон – 44 милиони примероци

Овој албум беше издаден на 17 ноември 1992 година од страна на Арист рекордс. Саундтракот ја доби наградата Греми за албумот во 1992 година.

 

 

 

 

The Dark Side of the Moon – Пинк Флојд – 45 милиони копии

The Dark Side of the Moon е осмиот студиски албум на бендот Пинк Флојд. Оваа англиска прогресивна рок-група го објави на 1 март 1973. Албумот доживеа огромен одговор од критичарите и фановите. Темите беа многу специфични во тоа време, од конфликти, алчност, ментална болест до текот на времето. Текстописец беше Сид Барет. Во светот, албумот е продаден во повеќе од 45 милиони примероци до денес, што е трет најдобро продаван албум на сите времиња.

Back in Black – AC/DC – 50 милиони примероци

Објавен во 1980 година, албумот Back In Back е седмиот студиски албум на австралискиот рок бенд AC/DC. Откако беше издаден, албумот забележа вистински успех, продаден е во повеќе од 50 милиони примероци ширум светот.

 

 

Thriller – Мајкл Џексон – 65 милиони копии

Најпродаваниот албум на сите времиња се состои од девет песни од мешани жанрови (фанк, рок, поп, и пост-диско). Од албумот со девет песни, седум беа пуштени како синглови, сите беа на 10 Billboard Hot топ листите. Албумот ја освои наградата Греми во 1984 година. Исто така, треба да се забележи дека “Трилер“ е вклучен во библиотеката на Националниот регистар на Конгресот за снимање на културно значајни снимки.