Гернаскиот тенисер Александар Зверев, се пласираше во четвртфиналето на САД Опен по неверојатен меч против Јаник Синер, кого го совлада со 3:2 во сетови. Сепак, натпреварот го одбележа неверојатен скандал и навивач кој извикуваш познати фрази поврзани со Адолф Хитлер.

Зверев и Синер го одиграа веројатно најдобриот меч на турнирот во Њујорк досега, а на крајот германскиот тенисер успеа да победи со 3:2 во сетови и да се пласира во четвртфиналето на овој грен слем турнир.

Но, за жал, тенисот не беше во преден план во пресметката меѓу Германецот и Италијанецот, а главна тема е навивачот поради страшниот извик кој на крајот предизвика да биде исфрлен од трибините

Се се случи во четвртиот сет при резултат 2:2 во гемовите кога Зверев имаше сервис, а потоа слушна што извика еден од навивачите од трибините.

Германскиот тенисер бил згрозен од тој навивачки извик и решил веднаш да реагира, а на главниот судија му објаснил што всушност рекол и дека овие работи не треба да се случуваат и дека мора веднаш да реагира.

Судијата реши да реагира и се сврте кон навивачите и праша кој го кажа тоа, но тој на почетокот не сакаше да одговори.

Но, на крајот, останатите навивачи решија да го идентификуваат, а тој набрзо беше исфрлен од трибините и најверојатно ќе добие трајна забрана за следење на натпреварите на САД Опен.

Навивачот ја извика познатата фраза на Хитлер “Deutschland über alles” (Германија над се) кој беше првиот стих од германската национална химна до капитулацијата на Германија во Втората светска војна. Сепак, тоа е и слоганот на режимот на Хитлер, кој го злоупотреби тој стих како доказ за германската супериорност над сите други народи.

Затоа сојузниците го забранија изведувањето на германската национална химна кога ја окупираа земјата во 1945 година.

Седум години подоцна, беше дозволено повторно да се користи националната химна, но беше употребена и испеана само третата строфа. Така е до денес. Затоа она што неинформираните странци го сметаат за израз на сочувство кон Германија и Германците, граѓаните на таа земја, вклучително и Александар Зверев, го сфаќаат како нешто одвратно, забрането и воздигнување на нацизмот.

Инаку, по мечот кој траеше речиси пет часа, Зверева го очекува вистински предизвик во четвртфиналето, бидејќи ќе игра против првиот носител Карлос Алкараз.