Компанијата Vouchercloud објави листа на 25 најпаметни нации во светот. На првото место е Јапонија, а на листата доминираат европски држави.
При рангирањето земени се во предвид бројот на добиени Нобелови награди, коефициентот на интелигенција и резултати од тестирани ученици.
На листата има 15 земји од Стариот континент, а по Јапонија следат: Швајцарија, Кина, САД, Холандија, Русија, Белгија, Велика Британија, Канада, Јужна Кореја, Хонгконг, Германија, Тајван, Австрија, Финска, Унгарија, Данска, Австралија, Норвешка, Шведска, Полска, Израел, Чешка, Франција и Сингапур.
По бројот на освоени Нобелови награди убедливо на прво место се САД, со вкупно 368. Потоа следат Велика Британија со 132 и Германија со 107. Кога станува збор за коефициентот на интелигенција, на првите три места се земји во Азија. Сингапур е прв со 107,1, втора е Кина со 105,8 и трет е Хонгконг со 105,7.
Азиските ученици се најдобри во светот. Кога станува збор за успех на тестирањата, први се учениците од Сингапур со 71,37 проценти, потоа следат учениците во Јужна Кореја со 66,85 и од Хонгконг со 66,66 проценти.