Креаторите на страницата money.co.uk имаа за задача да спроведат студија на следнава тема – најздравиот град во светот.
Се разбира, земен е предвид фактот што ги условува животите на сите луѓе долго време, пандемијата Ковид-19. Од друга страна, биле согледани следниве параметри: нивото на дебелина на граѓаните, очекуваниот животен век, трошоците на животот, нивото на загадување, безбедноста, просечниот број на сончеви часови.По деталните пресметки, дојдено е до топ листа од 20 градови, а победник е, по малку неочекувано, – Валенсија во Шпанија.
Медитеранскиот начин на живот, идеалната трпеза и клима, со одлична географска положба, која обезбедува мало загадување, го прават овој град најдобриот избор за живеење во моментот.
Она што ги израдува сите Шпанци е што нивниот главен град зазеде високо второ место, а овој резултат не изненади многумина. Имено, жителите на оваа земја се водат од мотото – работи за да живееш, а не обратно. На овој начин тие постигнуваат рамнотежа и имаат активен животен стил, во кој наоѓаат време да се дружат и да се релаксираат.
По нив следуваат Лисабон, Виена и Канбера а целиот преглед може да се проследи во следните редови:
Валенсија, Шпанија
Мадрид, Шпанија Лисабон, Португалија
Виена, Австрија
Канбера, Австралија
Тел Авив, Израел
Токио, Јапонија
Хаг, Холандија
Љубљана, Словенија
Цирих, Швајцарија
Аделаида, Австралија
Хаифа, Израел
Порто, Португалија
Рејкјавик, Исланд
Темишвар, Романија
Клуж, Романија
Хелсинки, Финска
Бурса, Турција
Бризбејн, Австралија
Копенхаген, Данска
Извор:www.money.co.uk