Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави листите на индивидуалните спортисти и ваучерите кои ќе можат да ги реализираат во 2020 година.

Кај олимписките спортови, најголеми ваучери добија атлетичарите Јован Стојовски (308.000 ден.) и Дрита Ислами (252.000 ден.), додека од неолимиските спортови Игор Стефановски-Иџе и Виктор Давидовски добија ваучери од по 400.000 денари.

Во групата спортисти од Федерациите кои реализираат програми со посебен интерес, ваучер од 500.000 денари ќе искористи параолимпијка Оливера Накова-Биковска.