Најмалку 12 мртви во експлозија на цистерна во Авганистан

42

Најмалку 12 луѓе го загубија животот во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг на северот на Авганистан. Во експлозијата се повредени 30 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е многу поголем.

„Ги видовме телата на жртвите, беа целосно изгиорени, не се гледаше дали се мажи, жени или деца. Извлековме околу 12 тела“ – изјави очевидец за локалната телевизја TOLOnews.

Според првичните информации, до инцидентот дошло поради „технички проблеми“, а пожарот предизвикан од експлозијата потоа се проширил и на возилата во близина.

По неколку часа, пожарот е ставен под контрола, но тунелот кој го поврзува северниот дел од земјата со главниот град Кабул и понатаму е затворен за промет.