Денеска, во раните утрински часови изби пожар во дом за стари лица во руската република Башкортостан, југозападно од Урал. Во пожарот загинале единаесет лица, соопшти министерство за вонредни ситуации. Eдинаесет тела биле пронајдени на местото на несреќата, додека четири лица успеале да ја напуштат зградата, пренесува Тас.
Прес-службата на руското министерство за вонредни ситуации соопштила дека пожарот избил во 00:53 часот по локално време во приватен дом за нега на стари лица.Пожарот е изгаснат во 04:00 по локално време.
Невнимателното справување со оган е причинител за пожарот, како што покажуваат прелиминарните податоци, а истрагата за несреќата е во тек, соопштила прес-службата на Министерството за вонредни ситуации.