Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Плешевица, се сериозно повредени, а неколку од нив и колабирале од дехидрација и исцрпеност поради што се пренесени во болница во Госпиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите, во болницата биле донесени четири жени со седум деца на возраст од една до 10 години. Од жените две се бремени и се задржани во болницата.
-Децата се прегледани, рехидрирани и затоплени, а две жени и се предадени на полицијата за понатамошна постапка. Другите две жени кои се во напредна бременост, остануваат во болница, изјавила директорката на болницата во Госпиќ, Сандра Чубелиќ.
Екипи на пограничната полиција и припадници на специјалните единици во вторникот на подрачјето на планината Плешевица, во тешки временски услови, пронашле повеќе лица, на кои им била потребна медицинска помош.