Најмалата куќа во светот е широка 92 сантиметри

52

Како што растат цените на недвижностите, помалите простори стануваат се поприфатливи решенија за живеење. „Keret House“ во Варшава, Полска, во најтесната точка е широка само 92 сантиметри, додека најшироката точка е 152 сантиметри.

Оваа куќа ја изградил полскиот архитект Јакуб Шчесни како привремено сместување за уметници кои патуваат. Првиот станар бил писателот Етгар Керет, по кого куќата го добила името.

Јакуб ја добил идејата да изгради куќа кога еден ден ја забележал локацијата додека одел дома и почнал да размислува што може да се направи со неа.

„Се започна со просторот. Почнав да размислувам за тоа кој би можел да живее таму. Тоа би требало да биде личност која сака да биде сама, некој што би уживал да поминува време во осаменост правејќи нешто – но што прави? изјави Јакуб на Дезин.

Се разбира, престојот на толку мал простор не е за секого. Целиот мебел беше изработен по нарачка, бидејќи поголемиот дел од достапниот мебел беше преголем за да може да се изгради во толку тесни простори, а камоли да се вклопи во малата куќа.

Внатре, една спална соба, кујна, бања и дневна соба се распоредени на два ката – иако секој што ќе престојува тука ќе треба да користи скала за да се движи помеѓу катовите.

Куќата не е темна – има два прозорци и неколку проѕирни панели кои ја пропуштаат сончевата светлина.

Во 12-те години откако беше отворена, предизвика голем интерес: толку многу што во 2019 година беше наведена меѓу најзначајните домови во светот од Iconic Houses, иако технички не се квалификува како куќа поради локалните градежни регулативи. Наместо тоа, таа е наведена како „уметничка инсталација“.

Варшава не е единствениот град кој може да се пофали со исклучително тесни куќи. Овие типови згради се релативно вообичаени и во Токио, каде просторот е ограничен, а трошоците за домување се високи.