Французинот Беноа Пјер уште еднаш го шокираше тенискиот свет со своето однесување.
Моментално на 123-то место во светот, загуби од Педро Мартинез на челинџерот во Малага, во меч во кој изведе неколку бизарни потези.
Пер во неколку наврати незаинтересирано ја погодуваше топката, не трчаше, само со очи следеше многу топки, а не пропушти ниту да го фрли рекетот.
При резултат 6:0, 4:2 реши дека му е доволно – му го предаде мечот на Шпанецот, кој се пласираше во осминафиналето.
Многумина на социјалните мрежи кога ја видоа снимката го обвинија за неспортско однесување, поединци и местење натпревари.
Ова не е првпат Пјер да има испади. Да се потсетиме само на Олимписките игри во 2016 година кога беше исфрлен од репрезентацијата поради недолично однесување.
Special effort by our beloved Benoit today pic.twitter.com/DWO6tD8dTJ
— Stefano Berlincioni (@Carretero77) October 9, 2023
На турнирот во Вашингтон беше казнет затоа што седум пати го скрши рекетот.
Тој уште еднаш беше исклучен од олимпискиот тим во 2021 година поради критикување на Австралија опен, опишувајќи го турнирот како „срамен“ поради условите во карантин.
Пјер имаше многу вакви натпревари, на кои не покажа никаков труд и желба, во текот на кариерата, во кои најдобриот пласман го имаше во 2016 година, кога беше 18-ти во светот.