Обединети во болката: Бројот на загинати во Нови Сад порасна на 14, се откажуваат концерти и натпревари

791

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад излезе со соопштемие за несреќата што се случи денеска во Нови Сад кога се урна дел од зградата на станицата на Железничката станица во Нови Сад.Извлечени се 14 тела на починатите, од кои идентификувани се две женски лица – А.Р. (20) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45).

Три лица се примени во Клиничкиот центар поради тежината на повредите, нивниот идентитет сѐ уште не е потврден. Станува збор за две женски лица и едно машко лице.

Бројни јавни личности изразија сочувство до семејствата на загинатите, а во знак на солидарност со семејствата на загинатите, повеќе пејачи како Марија Шерифовиќ, Ацо Пејовиќ и групата „Парни Ваљак“, решија да ги откажат своите настапи и концерти, а  сите кошаркарски натпревари планирани за сабота се одложени.