Овој сируп е многу здрав и наменет за луѓе со слаба крвна слика. По една недела ќе ги забележите првите промени, а за два месеци крвната слика ќе ви биде одлична.
Освен што ја подобрува крвната слика, сирупот од цвекло за многу кратко време значително го зајакнува имунитетот, а сето тоа благодарение на големото количество минерали и витамини што ги содржи.
Покрај протеините, мастите и јаглехидратите, цвеклото содржи и минерали како што се калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, сулфур, бром и други. Содржи и витамини Б1, Б2, Ц во големи количини, како и витамин Б12, кој е исклучително редок.
Антоцијанот ја дава црвената боја на цвеклото, а во исто време влијае и на регенерација на крвта, а постојат и студии кои велат дека има антиканцерогено дејство.
Јодот го забавува процесот на стареење и го зајакнува здравјето на коските.
Бетанинот го регулира крвниот притисок, го намалува холестеролот, ги чисти крвните садови и ја стимулира функцијата на црниот дроб.
За да подготвите сируп од цвекло ќе ви требаат:
1 кг цвекло
Половина килограм моркови
2 портокали
Половина килограм кисела јаболка
1 лимон
500 грама домашен мед
Подготовка:
Цвеклото, морковите и јаболката излупете ги и исечете ги на ситни парчиња и ставете ги во соковник. После тоа, додадете сок од портокал и лимон и мед. Сè добро измешајте и истурете во стаклено шише.
Пијте го овој сируп секое утро на празен стомак, околу 1 dcl разреден со вода.