Најзгодниот  градоначалник  на  Балканот: таткото на Бања Лука покажа како јава коњ

217

Бесплатна забава за припадничките на понежниот пол!  Иако не е класичен тип од светот на естрадата, а познато е дека си ја сака музиката, сепак забавните портали низ Балканот зборуваат за градоначалникот на градот Бања Лука, Република Српска, поради навистина ретката глетка. Тој речиси секое утро приредува бесплатна забава за припадничките на понежниот пол кои поради тоа си ги плакнат очите.

На овие тропски горештини градоначалникот Драшко Станивуковиќ го споделува видеото на кое е облечен само во долги панталони, без маица, со горе разголеното депилирано мускулесто тело. И тоа не е се.  Драшко го покажа и својот миленик, коњот што го јава, а потоа и како изгледа неговиот утрински тренинг со склековите.

Секако дека на сето ова, не изостанаа ниту коментарите од жените и девојките, кои на Драшко отворено му се нудат за брак. – Каков убавец си ти, би сакала заедно да јаваме на твојот коњ, се дел од многубројни (двосмислено храбри) коментари упатени на адресата на градоначалникот.

Но има и такви многу зајадливи и смешни коментари: „Драшко, што тренираш во тие чизми, каде ти се патиките?“