Салатата од смокви и урда е апсолутен летен хит. Со задоволство ќе ја јадете во топлите вечери.
Состојки:
250 гр свежа рукола
4 свежи смокви преполовени
100 гр младо сирење
30 гр ореви, потпечени и исечени на половина
30 гр семки од калинка
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
сол и свежо мелен црн пипер по вкус
Рецепт за салата од смокви и урда:
За да ја направите оваа салата, прво рамномерно распоредете ја руколата на голема чинија. Над руколата ставете преполовени смокви и парчиња сирење. Над салатата рамномерно посипете ги препечените половинки од орев и семките од калинка.
Прелијте ја салатата со маслиново масло и балсамико оцет. Зачинете со малку сол и малку мелен црн пипер по вкус.
View this post on Instagram