Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва, што е досега најголемиот украински напад со беспилотни летала врз руската престолнина. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во Москва, пренесува Хина.
Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека 12 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во московскиот регион, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.
Во московскиот регион живеат повеќе од 21 милион жители. „Според прелиминарните информации, нема штета или жртви на местото каде паднале остатоците“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм. „Службите на Итна помош се на терен“, додаде тој.
Областа Раменское, 45 километри југоисточно од Кремљ, последен пат беше цел на најголемиот украински напад врз руската престолнина во септември, кога руската противвоздушна одбрана уништи 20 дронови.
Росавијација, руската федерална агенција за воздушен транспорт, на Телеграм објави дека „заради безбедност на летовите на цивилните авиони, наметнати се привремени ограничувања на работата на аеродромите Домодедово и Жуково“.
⚡️ Explosions were heard in the russian city of Bryansk last night due to a drone attack and a fire broke out, — according to russian media.
The governor of the Bryansk region, Bogomaz, claims that 14 UAVs were allegedly shot down and says that “there are no casualties or… pic.twitter.com/40Py3td69b
— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) November 10, 2024
Украински беспилотни летала во текот на ноќта запалија неколку нестанбени згради во руските региони Калуга и Брјанск, соопштија во неделата регионалните гувернери. Министерството за одбрана соопшти дека единиците за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 23 украински беспилотни летала, од кои 17 над Брјанск.
Владислав Шапша, гувернер на регионот Калуга, кој се граничи со московскиот регион на североисток, изјави дека една нестанбена зграда во регионот била запалена како резултат на напад на украинско беспилотно летало.
Киев вели дека неговите напади со беспилотни летала на руска територија се насочени кон инфраструктурата критична за воените напори на Москва и се одговор на континуираниот руски напад на украинска територија.