Најголемиот синдикат во САД нема да поддржи ниту еден од претседателските кандидати

31

Влијателниот американски синдикат „Тимстерс“ (Teamsters) нема да поддржи ниту еден од кандидатите на претстојните претседателски избори во САД, првпат од 1996 година, објави Ројтерс.

„По прегледот на анкетите собрани низ целата земја во текот на шест месеци и речиси една година по интервјуата на тркалезна маса со сите главни претседателски кандидати, синдикатот не донесе одлука да го поддржи поранешниот претседател Доналд Трамп или потпретседателката Камала Харис“, рече синдикатот во соопштението.

Тимстерс е најголемиот синдикат во Америка, со околу 1,3 милиони членови во САД и Канада, а чии членови се претежно возачи на камиони и работници во магацин.

Синдикатот традиционално има подобри врски со Демократската партија, но и покрај тоа, претседателот на синдикатот Шон О’Брајан неодамна го доближи синдикатот до Републиканската партија и е првиот претседател на синдикатот што зборува на Националната конвенција на Републиканците овој јули.