Најголемата санта мраз во светот, поголема од Мајорка, се одвои од Антарктикот

219

Најголемата санта мраз во светот се одвои од Антарктикот, а пресметките од мерењата по воздушна линија покажуваат дека се работи за површина поголема од шпанскиот остров Мајорка.

Ледениот брег, наречен А-76, е долг околу 170 километри и широк 25 километри, а има вкупна површина од 4.320 квадратни километри.

Според соопштението од Европската вселенска станица, сантата мраз се одвоила и моментално лебди во Веделовото Море.

Првично го забележала британската поларна истражувачка организација БАС, чија база е во близина.

Досега најголемиот леден брег бил А-23А, со површина од 3.380 квадратни километри.

Повеќе на линкот: https://www.independent.co.uk/climate-change/news/world-largest-iceberg-antarctica-a76-b1850579.html