Најбрза пита со сирење

116

Изненадете ги домашните…
Потребно е:
10-12 кори за пита
Околу 700 г. Сирење
3 јајца
4 лажици масло за готвење
2 полни лажици пченичен гриз
400 мл јогурт
2 лажици кисела павлака
Сол по вкус
½ пачетче прашок за печиво
Подготовка:
Во сад изматете ги јајцата и додадете ги издробеното сирење, маслото, гризот и прашокот за печиво. Потоа додадете ги јогуртот, киселата павлака, солта и убаво измешајте.
Тавата премачкајте ја со путер.
Секоја кора намачкајте ја со неколку лажици од филот и завиткајте ја во ролна, па потоа правете полжавчиња. Наредете ги во тавата.
Премачкајте ја питата со растопен путер.
Печете во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.