Италијанскиот кошаркар Рикардо Мораскини, изјави дека неговиот случај со допинг е ист како и ситуацијата на светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер, со тоа што тенисерот не доби суспензија како него.

Јаник Синер и неговиот случај со допинг се уште се пребројуваат, а поделбите дали требало да биде казнет или не стануваат се пожестоки. Свој коментар даде и италијанскиот кошаркар Рикардо Мораскини, кој тврди дека и неговиот случај е ист, но доби едногодишна суспензија додека неговиот сонародник помина без последици.

Мораскини ја доживеа суспензијата носејќи го дресот на Армани, а за целата ситуација и сличностите рече: „Нашите случаи се идентични. Најдена е многу мала количина, поврзана со надворешна контаминација. Испадна дека и двајцата не сме знаеле дека некој наш близок користел лек од аптека, но јас платив со едногодишна суспензија и отказ од тогашниот клуб“.

„Антидопинг системот е многу строг. Но, секој поединечен случај се третира посебно. Потоа бев суспендиран на три и пол месеци додека го чекав судењето. Потоа бев дисквалификуван на една година, иако судијата призна дека тоа е внесено несвесно“, го анализираше својот случајот италијанскиот кошаркар.

 

ИЗДВОЕНИ