Нашите играчи се недостапни за Баерн (М)

73

Борусија од Дортмунд во последните неколку години се испрофилира како еден од најдобрите клубови кога е во прашање клупската политика.

Лидерот во германската Бундес лига до совршенство ја доведе праксата “купи евтино, продај скапо” и во последните три години од продажбата на своите фудбалери има заработено повеќе од 300 мил. евра. Како за пример може да послужи Осман Дембеле, кој беше купен од Рен за 15 мил. евра, а едно година подоцна беше продаден на Барселона за 105 мил. евра.

Слична е и приказната со Пјер-Емерик Обамејанг, Кристијан Пулишиќ, Шинџи Кагава и со уште неколку играчи од чија продажба Борусија оствари голем профит. Таквата политика не доживеа никаква промена, а нема да се промени во следните неколку години. Пред неколку недели, Челзи одвои 65 мил. евра за обесштетувањето на Плуишиќ, кој пристигна на “Сигнал Идуна Парк” како слободен играч.

Сепак, постои еден клуб кој ќе нема право да купува играчи од Борусија Д. Нормално дека станува збор за Баерн (М) кој од шампионската генерација на “жолто-црните” ги купи Роберт Левандовски, Марио Геце и Матс Хумелс. Поради тој голем удар, “милионерите” веќе шест години не знаат за шампионска титула.

  • Раководните лица на Борусија од Дортмунд меѓусебно се договорија дека повеќе нема да продадат нити еден играч на Баерн (М). Не сакаат повеќе да му помагаат на директниот ривал во борбата за шампионската титула. Борусија не сака да биде привремен играч во борбата за титулата. Борусија сака да ја превземе доминацијата од Баерн (М). Постои единство кога е во прашање таквата клупска политика. Таквата политика ќе биде главниот столб на моќната Борусија, пишува угледниот германски весник “Билд”.