Нашите граѓани плаќаат повисоки цени на струја од другите земји во регионот

Пресметките на партијата Алијанса на Албанците покажуваат дека цените на струјата за домаќинствата коишто важат од почетокот на годинава се највисоки во регионот. Од партијата укажуваат на фактот дека ако не се земеа предвид нивните предлози во врска со намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18% на 5% за електричната енергија, тогаш фактурите за струја ќе беа уште поголеми

103

Нашите граѓани плаќаат повисок цени од другите земји во регионот за иста потрошувачка на струја. Повеќе владини претставници постојано изјавуваа дека благодарение на оваа Влада, граѓаните на Република Северна Македонија струјата ја плаќаат поевтино од другите земји во регионот. Но, по анализата којашто ја направи Секторот за економија при Алијанса за Албанците, фактите докажаа нешто сосема спротивно. Последните цени на електричната енергија што ги донесе Регулаторната комисија за енергетика за домаќинствата коишто важат од почетокот на годинава се највисоки во регионот.

Од партијата пресметале дека доколку едно семејство во текот на месецот троши 600 киловат/часови од кои 360 киловат/часови во високата тарифа и 240 киловат/часови во ниската тарифа, тогаш вредностите на фактурите со данокот на додадена вредност и со трошоците за јавното осветлување во Албанија ќе биде 58,29 евра, во Косово 35,61 евро, во Северна Македонија 62,92 евра и во Црна Гора 60,99 евра.

Бидејќи во државите во регионот ДДВ се плаќа во различни вредности, вредноста на фактурите за истата потрошувачка без данок на додадена вредност и без трошоците за јавно осветлување во Албанија ќе бие 46,72 евра, во Косово 31,24 евра, во Северна Македонија 57,08 евра и во Црна Гора 47,57 евра.

Ако едно семејство во текот на месецот троши 1.000 киловат/часови од кои 600 киловат часови во висока тарифа и 400 киловат/часови во ниска тарифа, тогаш вредноста на фактурите кои што ќе треба да ги платат граѓаните во другите држави од регионот со данокот на додадена вредност и со трошоците за јавното осветлување во Албанија ќе бидат 95,06 евра, во Косово 68,18 евра, во Северна Македонија 102,87 евра и во Црна Гора 99,36 евра.

Додека, пак, вредностите на фактурите без данок на додадена вредност и без трошоците за јавно осветлување во Албанија е 77,87 евра, во Косово 61,39 евра, во Северна Македонија 95,13 евра и во Црна Гора 79,28 евра.

За да бидеме уште поконкретни, ја претставуваме табелата со цената во -€/центи/kWh што ја плаќаат граѓаните во земјите од регионот кои што ги земаме за анализа. Албанија 0,0779 €, Косово до 800 kWh 0,0675 € и 0,0289 €,  а над 800 kWh 0,1252 € и 0,0590 €, Северна Македонија 0,1188 € и 0,0596 € и Црна Гора 0,0991 и € 0,0496 €.

Значи, од овие примери се забележува дека изјавите и ставовите на министерот се неосновани, бидејќи е јасно дека граѓаните во државата плаќаат повисоки цени од другите земји во регионот за иста потрошувачка на електрична енергија.

Меѓу другото, министерот истакна дека се подготвува нова методологија за тарифите за електрична енергија за домаќинствата. Значи, се предвидува дека ќе има блок – стапка на потрошувачка до одредено ниво од kWh. Во оваа прилика ги уверуваме граѓаните дека Алијанса за Албанците со особено внимание ги следи овие случувања и кога истите ќе се изведат на дебата ќе излеземе со конкретни предлози и ќе ги браниме интересите на граѓаните.