Нацрт Законот за ратификација на Преспанскиот договор доставен до грчкиот парламент

58

 

Утре напладне, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис ќе одржи состанок со неговите потпретседатели за да се одреди парламентарната процедура. Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа вчера беше доставен до грчкиот Парламент и веројатно утре попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да се изгласа до крајот на неделава.

 

Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа вчера беше доставен до грчкиот Парламент и веројатно утре попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да се изгласа до петок, јави дописничката на МИА од Атина.

Доставениот нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција е под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите кои што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните”, а содржи 3 члена.

Првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.

Нацрт законот со датум 18 јануари 2019 е потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата влада.

Утре напладне, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис ќе одржи состанок со неговите потпретседатели за да се одреди парламентарната процедура.