Нафтата може да чини и 40 долари следната година

183

Аналитичарите на истражувачката компанија ОПИС сметаат дека цената на нафтата би можела да падне на 30 до 40 долари за барел во 2025 година доколку земјите од нафтениот картел ОПЕК се откажат од ограничувањата за производство на нафта.

– Пазарниот удел на земјите од ОПЕК веќе значително падна во последните години – изјави аналитичарот на споменатата компанија Том Клоуз.

Според него, од таканаречената „арапска пролет“ во 2010 година, немало толку голема загриженост за цената на нафтата на пазарот.

Експертите забележуваат дека победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ги зголемува шансите за заострување на економските односи меѓу САД и Кина, што може да доведе до пад на цената на нафтата.

Трамп во неколку наврати изјави дека американските компании треба да го зголемат производството за да ги намалат цените на енергијата.

ИЗДВОЕНИ