Стручњаците со децении се мачат со прашањата од типот зошто одредени луѓе живеат по 100 и повеќе години. На посебна меѓународна конференција во Сочи, научниците разговарале за најновото истражување спроведено меѓу стогодишници во кое, меѓу другото, било забележано дека во Италија има повеќе стогодишници отколку во останатите земји, а тоа е 1 на 5 илјади.

Научниците се обиделе да ја откријат тајната на 16 000 „супер здрави стари Италијанци“. Го проучувале нивниот начин на живот, генетиката, метаболизмот, микрофлората и други важни фактори.

Било откриено дека повеќето стогодишници избегнуваат опасни болести кои се во директна врска со староста. Тие стогодишници изгледале одлично во споредба со одредени луѓе во осумдесеттата година од животот.

Во споредба со останатите луѓе, стогодишниците имаат некој заштитен ген кој ги штити од сенилност. Исто така, било откриено дека стогодишниците се неверојатно отпорни на „штетници“ кои предизвикуваат различни болести.

Заштитните гени се наследуваат. Во таа смисла, ако имате родители стогодишници, тогаш и вашите можности да доживеете сто години се поголеми. Покрај тоа, децата имаат можност да живеат долго, дури и ако мајката и таткото не им живееле долго – само треба да го погледнат животниот век на своите баби и дедовци.

Во текот на истражувањето, анализите покажале дека стогодишниците имаат посебни бактерии во цревата, односно дека нивната микрофлора била поинаква од вообичаената. Микрофлората содржи микроби кои му помагаат на организмот да се подмлади.

Научниците ја истражуваат можноста оваа бактерија да се пресади кај обичните луѓе, да може да се продолжи животот.

Но правилната исхрана може да доведе до идеална микрофлора во цревата, а според научниците, тоа е медитеранската исхрана која изобилува со маслиново масло, овошје, зеленчук, свежа риба.

Истражувањето покажало дека повеќето стогодишници се вегетаријанци, бидејќи како што е познато, протеинската исхрана значајно го забрзува процесот на стареење.

На кратко кажано – постојат пет работи кои се предуслов за долг живот:

  • Наследството
  • Правилната исхрана (свежо овошје и зеленчук, маслиново масло, риба, без слатки)
  • Редовна физичка активност
  • Отпорност на стрес
  • Сакајте ја работата што ја работите, имајте барем едно хоби