Научниците потврдуваат:Мажите потешко ги поднесуваат грипот и настинките од жените

69

Докторката Беатрикс Грубек-Лобенстин, имунолог на Универзитетот во Инсбрук се занимава со истражување на разликите во имунитетот меѓу половите. Резултатите од нејзините студии без сомнеж се мелем за душата на мажите кои жените не ги сфаќаат сериозно кога станува збор за страдањето низ кое минуваат во текот на настинка или вироза.

„Поедноставно кажано, поради реакција на имунитетот на болест мажите се разболуваат почесто од жените, изјавила д-р Грубек-Лобенстин.

Таа објаснува дека против патогените микроорганизми кои го напаѓаат организмот се борат клетки на мсецифичниот имунитет и клетките на неспецифичниот имунитет.

Неспецифичните клетки се делотворни само во борбата против одредени патогени микроорганизми како вирусот на грипот и во тој случај му овозможуваат на организмот сам да се брани против цела низа вируси, бактерии и паразити.

Меѓутоа, релативно е мал бројот на секој вид специфични клетки. За да се уништи патоген микроорганизам клетките на специфичниот имунитет мора да се реплицираат милион пати.

Овде доаѓаат до израз разликите во умунитетниот одговор меѓу половите: додека женскиот хормон естроген помага при умножувањето на смецифични имунитетни клетки, ефектот на машкиот хормон тестостерон е спротивен.

И претходни истражувања покажале дека естрогрнот има силни антивирални својства против ХИВ, ебола и врусот хепатитис.

„Значи, естрогенот го стимулира имуниот систем, а тестостеронот го потиснува, потврдува д-рМаркус Алтфелд, началник на Одделението за имунолошки истражувања на хамбуршкиот институт „Хајнрих Пете“, каде што ја истражува биологијата на хуманите патогени вируси.

Женскиот имунолошки систем реагира многу побрзо и поагресивно на патогените микроорганизми од машиот, објаснил тој.

Научниците признават дека не им е јасно зошто хормонот кој на мажите им дава вредности на машкост, воедно го прави машкиот род здравствено послаб.

Тие сметаат дека еден од потенцијалните одговори би можел да се пронајде во далечното минато, со оглед на тоа што имунитетот кај човекот се развива веќе милиони години.

Во камената доба нашите предци живееле во пештери и биле изложени на разни опасности. Целта на женскиот имунитет тогаш , како и денес, била еднаква – да го заштити нероденото дете и.или новороденче, заради што имунитетот на жената мора да биде многу силен, вели д-р Алтфелд.

И Грубек-Лобенстин го поврзува женскиот имунолошки одговор со пораѓањето и мајчинството.

Делотворноста на имунитетот зајакнат со естроген е особено силен кај младите жени по пубертетоt. Се намалува со годините, особено по менопаузата, истакнува таа.

Но, таа додава дека тестостеронот не е единствената причина поради која мажите потешко ги поднесуваат вирусните настинки или грипот, постојат и други фактори.

„Мажите се хранат почесто со понездрава храна, генерално се помалку дисциплинирани кога се во прашање болестите, а особено се недициплинирани во врска со вакцинацијата, заклучува Грубек-Лобенстин.