Научниците докажаа: На која површина најдолго се задржува коронавирусот?

1331

Новото истражување објавено во магазинот New England Journal of Medicine открива дека вирусот SARS-CoV-2 останува стабилен ако падне на површина од картон или бакар.

Студијата која на направи група истражувачи, вклучително и научници од Националниот институт за алергии и инфективни болести во САД, се обиде да утврди на кои начини заразениот поединец може да продолжи да го шири вирусот.

За да го утврдат тоа, научниците симулирале ширење на вирусот преку воздух и преку пластични, бакарни и картонски површини.

Резултатите од студијата покажале дека трагите од вирусот на пластика и челик можат да се задржат најмногу три дена по првичната контаминација. Вирусот преживеал на картонска површина еден ден, додека на бакарна површина преживеал само четири часа. Што се однесува до воздухот, вирусот може да се задржи во него најмалку три часа.

Да потсетиме, болеста КОВИД-19 се шири по пат на капки кои човекот ги создава и исфрла при кашлање, кивање или дишење.

Зошто вирусот подолго останува на некои површини, се уште е непознато.

Сумарните податоци за опстанување на вирусот на одредени површини се следниве:

Коронавирусот успева да преживее 72 часа на не’рѓосувачки челик и пластика.

Останува на бакар четири часа, додека живее на картон 24 часа.

Во аеросоли, честички и воздушни капки, успева да остане активен три часа.

Друга студија објавена минатиот месец во „ The Journal of Hospital Infection “ покажа дека коронавирусот, како оној што предизвикува САРС, можат да преживеат на предмети што нè опкружуваат – метал, стакло и пластика – до девет дена доколку површините не се дезинфицираат.

Овој наод е од големо значење за понатамошно истражување затоа што САРС е најблизок познат во однос на новиот коронавирус.

Според советите што ги посочуваат, треба редовно да се дезинфицираат површините и предмети што често се допираат, како што се маси, работни плочи во кујната, прекинувачи за светло, рачки на вратите и фиоки и плакари.

Најдобро е да се исчисти со сапун и вода и да се дезинфицира со раствори со одредена количина белило или алкохол или средства за дезинфекција кои имаат висок процент на алкохол.