Натпреварите во јадење лути пиперчиња можат вода да му носат (и буквално): Светско првенство во јадење сурови коприви/ВИДЕО

1374

Нов рекорд во јадењето на сирова коприва е поставен на Светското првенство во оваа необична дисциплина, што се одржа на фарма за јаболковини во Вејтаун во близина на англискиот град Бридпорт, пренесе Би-Би-Си.

Том Вилер од Лондон изел 25,4 метри сурови листови од стебленца од коприва и го соборил претходниот рекорд за консумирање коприва, кој изнесувал 19,5 метри.

Бранителката на титулата во женска конкуренција, Бет Хуџис, ја задржа титулата јадејќи 19,5 метри лисја од коприва и со тоа го собори сопствениот рекорд за консумирање на тоа растение, кое жари од минатата година, за 1,2 метри.

Светското првенство во јадење коприва се одржува од осумдесеттите години на минатиот век. Првиот натпревар се одржал во Маршвуд, но кога пабот се затворил бил преместен во фармата со јаболка Дорсет Нектар Сидер во Вејтаун, пишува Full Suitcase.

Коприви и сок од јаболко

На Светското првенство годинава учествуваа околу 30 луѓе од различни делови на светот, меѓу кои Велика Британија, Холандија и Америка.

Стебленцата од коприва се собираат и се сечат на парчиња од 2 стапки или 61 сантиметар. На натпреварувачите им се дава да пијат јаболково вино (сајдер) додека ги откинуваат листовите од коприва од стеблото или можат да го потопат својот зелен оброк во него пред да го стават во уста.

Јаболковото вино наводно го олеснува голтањето на зелените листови, но го ублажува и чувството на печење во устата предизвикано од конзумирањето на копривите.