Наташа Беквалац разменува нежни бакнежи со делфин-мажјак

103

Вистински избор!

Одамна е познато дека српската естрадна секси-барбика, поп-пејачката Наташа Беквалац, често ги менува мажите. Лесно е вљублива, што секако не е грев, а и  покрај себе ниту една минута не трпи некојси маж-натрапник. Има и неколку неуспешни бракови, поради кои нејзините родителите знаеја често да ѝ бидат ифрит лути….

Новосаѓанката Наташа и кога одбира друштво за себе, тоа е најчесто машко. Мажите за неа се и како пријатели и како љубовници.

Со жените мошне тешко и оди во секој поглед. Не дека нема некои пријателки, туку тоа е едноставно така кај убавата Ната.

Па, и кога животните се во прашање. И тука е во друштвото на оние од машкиот пол. Во синиот базен со голем делфин-мажјак, со кој нежно ги разменува бакнежите и на кој дури тивко му го запеа рефренот од познатиот македонски евергрин „Еден бакнеж, песни рој“.

За тоа колку ја разбрал вљубениот делфин, останува непознато. Но дека и на двајцата им беше преубаво на овие тропски горештини, тоа е повеќе од видливо од самата фотографија.   Д.М.