Настрадаа за време на молитвата: Од удар на гром загинаа 14 лица во бегалски камп во Уганда

201

Во удар на гром за време на молитва во бегалскиот камп Палабек во Уганда загинаа 14 лица, а 34 се повредени, соопшти денеска тамошната полиција.

„Жртвите, кои допрва треба да се идентификуваат, се собраа на молитва кога дождот почна околу 17:00 часот, а гром удри во 17:30 часот – изјави портпаролот на полицијата Китуму Русоке во објава на социјалните мрежи“, пренесува Си-ен-ен.

Бегалскиот камп Палабек се наоѓа на границата на Уганда со Јужен Судан и е дом на околу 80.000 луѓе.