Ако сакате да го зајакнете имунитетот, јадете мандарини, советуваат експертите. Ова овошје со слатко-кисел вкус е идеално за зимскиот период кога настинките демнат од сите страни, бидејќи само 100 грама содржат дури 30 милиграми витамин Ц.
1. Го зајакнува имунитетот
Сто грама мандарини содржат двојно повеќе витамин Ц од портокалот. Затоа ова овошје се препорачува за време на студените денови, бидејќи го штити организмот од настинки и го зајакнува имунитетот.
2. Добри се за слабеење
Цитрусовите овошја имаат големо влијание на варењето, а во оваа група на намирници се издвојуваат мандарините. Содржат фолна киселина, калиум, железо, магнезиум, витамини Б1, Б2 и Б3, а богати се и со растителни влакна. Две мали мандарини имаат околу 50 калории, па се одлични за слабеење.
– Со оглед на тоа што содржат значаен извор на влакна, ја намалуваат желбата и потребата за храна. Сепак, не претерувајте со количината, бидејќи ако изедете повеќе од седум мандарини, шеќерот во крвта може да се зголеми, а прекумерното ниво на фруктоза може да доведе до контраефекти – велат експертите.
Совет: Послатки се потешките мандарини
Кога купувате мандарини, изберете потешки плодови бидејќи содржат повеќе вода и сок. За да ги спречите да ги загубат вредните хранливи материи, чувајте ги подалеку од директна светлина. Консумирајте ги во рок од седум дена од денот на купувањето.
И не е невообичаено луѓето да се здебелат само затоа што мислат дека нема да се здебелат ако јадат овошје.
3. Го штитат срцето
Мандарината е добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок, го балансира срцевиот ритам и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем. Антиоксидансите во мандарини помагаат да се намали лошиот холестерол и да се зголеми добриот холестерол.
4. Ја подмладува кожата
Со изобилство на витамини, мандарина е одлична алатка за нега на лицето. Со разградувањето на бета-каротенот се ослободува витаминот А, кој е одговорен за рамномерен тен, а витаминот Ц го стимулира производството на колаген, а со тоа придонесува за намалување на брчките. За поздрава и посветла кожа можете да направите и маска за лице од мандарини. Земете четири кришки мандарина, извадете ги семките и изблендирајте во блендер со една лажица јогурт и една лажица мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Измијте го лицето, а потоа нанесете ја кремата што вообичаено ја користите.
5. Го подобрува расположението
Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение, тврдат експертите од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стрес и депресија, а доколку сте имале стресен ден, доволно е да додадете неколку капки од етеричното масло од ова овошје во топла купка.