Иако кралицата Камила и Кејт Мидлтон отсекогаш покажувале коректни, па дури и блиски односи во јавноста, странските медиуми тврдат дека ситуацијата неодамна се променила и дека меѓу двете водечки дами на британскиот двор настанал проблем кој се одразил на нивната блиска врска, пренесува „Тпортал“.
Насмеаните лица наводно се само маска, а кралицата Камила не може, а да не ја гледа Кејт како еден вид закана.
Станува збор за грижата на кралицата Камила за тронот што долго го чекаше откако се омажи за Чарлс. Камила ужива во влијанието што го носи статусот на кралица, а идејата да го предаде тронот не ѝ е толку блиска и драга.
Според изворот, Камила си ја сфаќа работата многу сериозно:
„Таа ги сака своите обврски. Цел живот, отсекогаш сакала да биде кралица и не сака да го остави тоа толку брзо“.
Покрај тоа наводно, целата ситуација била тешка за Камила бидејќи нејзина наследничка е Кејт Мидлтон, омилената принцеза на народот со која актуелната кралица има заладени односи.
Заладените односи меѓу двете дами се префрлија и на врската меѓу Чарлс и Вилијам, а главната причина за сѐ е љубомората.
Иако Чарлс и Вилијам се блиски и секогаш подготвени за пријатна соработка, и на Чарлс и на Камила им е јасно дека народот ja фаворизира помладaта кралска двојка која еден ден ќе го наследи тронот. И покрај силното чувство на гордост што го чувствува за својот син, Чарлс исто така е свесен дека јавноста го очекува денот кога Вилијам ќе стане крал.
„Тие се уверени дека Вилијам може да обезбеди модерен начин на владеење што сите ќе го гледаат како „наплив на свеж воздух“, рече изворот.