Наскоро ќе се постават камери во студентските домови

93

Државниот студентски центар организираше акција во чии рамки беше исчистен отпадот од кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, информираат од Државниот студентски дом „Скопје“.

Оттаму ги повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината.

– Јавната хигиена во студентските дворови е резултат на заедничка грижа за животната средина – информираа од домот.

Оттаму потсетија дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти.

– Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови – велат од домот.