Наскоро ќе продолжи постапката за уривање на галијата кај „Холидеј ин“. Ова го најави градоналникот Петре Шилегов кој во телевизиска изјава истакна дека Град Скопје ја доби правната битка со управата на галијата која неодамна се жалеше и судот изрече времена мерка за отстранување на бродот од коритото на Вардар.
– Започнавме постапка па дојде времена мерка од судот. Ние таа времена мерка ја обжаливме и според информациите што ги добивме од судот, ни е уважена и очкувам дека наскоро ќе продолжиме да ја дислоцираме една од трите галии – изјави Шилегов.
Тој потенцира дека институциите треба да бидат поагилни, односно одлуките да се носат побрзо.
Инаку, отстранувањето започна со вадење на инвентарот на галијата од страна на извршители, а управителот на бродот, Жарко Миленковски рече дека ќе ги искористи сите правни механизми за да спречи да се урне објектот и да се направи штета од 1,2 милиони евра.
Град Скопје го раскина договорот со управата на галијата бидејќи сопственикот со месеци не плаќај закупнина.
Градоначалникот Шилегов бара поголема контрола врз другите општини со цел да не се случат повторно Холидеј ин, Матка или Мавровка.
– Не сум задоволен како се развива урбанизмот во градот, меѓутоа многу е мало влијанието на Градот. Затоа и некогаш во јавноста кажувам дека е добро Градот да има некаква супервизија врз работите што се случуваат внатре во општините – посочува Шилегов.
(С.Бл.)