НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО ТИРАНА: Молотови коктели кон кабинетот на Рама/ВИДЕО

44

Насилни протести избија во албанската престолнина, Тирана.

Според информациите на А2 Си-eн-ен, две повредени лица се испратени во Универзитетската болница „Мајка Тереза“, а трето лице е испратено во Санаториум, откако имало проблеми со дишењето од солзавецот.

Според медиумот, полицаец е испратен во болницата за траума, но неговиот живот е надвор од животна опасност.

Државната полиција соопшти дека од протестот на опозицијата и од експлозивот фрлен на неколку точки во главниот град се повредени 10 полицајци.

 

Форензичарите почнале акции за документирање и прибирање докази по експлозивот што бил фрлен кон канцеларијата на премиерот Еди Рама.

Неодамна албански пратеници запалија столици во Тирана, а по некој ден палеа и кукла со ликот на Рама.