Насилници влегле во стан во Аеродром и од студенти подстанари украле телефони

166

Насилници влегле во стан во Аеродром и истепале едно лице, при што украле мобилни телефони, информираат од МВР.

На 01.02.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 04.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони.

Полицијата работи на расчистување на случајот.